Вообичаено, Европскиот парламент ги донесува своите одлуки со просто мнозинство од членовите кои учествуваат во гласањето. Во посебни случаи, на пример во ко-одлучувањето, буџетските работи и согласноста за проширувањето на ЕУ, тој одлучува со апсолутно мнозинство. Ова е мнозинство од сите негови членови, без оглед на тоа дали се присутни или не.
По проширувањето на ЕУ со десет нови земји-членки на 1 мај 2004, бројот на гласовите потребни за апсолутно мнозинство изнесува 367 од 732 можни гласа.
Белешки
Ако членовите на Европскиот парламент сакаат да ја подложат Комисијата на цензура, потребно е дво-третинско мнозинство од оние кои гласаат, како и апсолутно мнозинство од сите членови.
Линкови
http://www.europarl.eu.int/factsheets/1_4_1_en.htm