
Правилата за донесување на одлуки во основа бараат апсолутно мнозинство од земјите-членки (13 од 25 земји), но ова ретко се користи.
Многу почесто гласање е со едногласност и со квалификувано мнозинство. Мнозинство од земјите-членки, исто така опфаќа 62% од населението на ЕУ. Од тие причини договорено е следното пондерирање на гласовите според населението на земјите-членки.
| Германија | 29 |
| Велика Британија | 29 |
| Франција | 29 |
| Италија | 29 |
| Шпанија | 27 |
| Полска | 27 |
| Холандија | 13 |
| Грција | 12 |
| Чешка | 12 |
| Белгија | 12 |
| Унгарија | 12 |
| Португалија | 12 |
| Шведска | 10 |
| Австрија | 10 |
| Словачка | 7 |
| Данска | 7 |
| Финска | 7 |
|
Ирска |
7 |
| Литванија | 7 |
| Латвија | 4 |
| Словенија | 4 |
| Естонија | 4 |
| Кипар | 4 |
| Луксембург | 4 |
| Малта | 3 |
| ВКУПНО | 321 |
Иднината
Уставот на ЕУ предвидува воведување на нов систем на гласање во 2009 година: двојно мнозинство ќе се состои од 55 % од земјите-членки, кои ќе претставуваат најмалку 65% од населението на ЕУ или 72 % од државите и повторно 65 % од населението доколку иницијатива од Комисијата не е потребна.