Гласање со квалификувано мнозинство (QMV)

За просто мнозинство потребни се повеќе од 50% од дадените гласови.

Апсолутно мнозинство пак, бара повеќе од 50% од сите членови, без оглед на бројот на оние кои гласаат.

Одлуката донесена со квалификувано мнозинство во  Советот на министрите во моментов бара 232 од 321 глас. Гласовите на земјите-членки се пондерирани.

Белешки

Иднината

Од 2007, во ЕУ составено од 27 земји, предвидено е да биде 258 од 345 гласа.

Во Уставот на ЕУ се предлага систем на двојно мнозинство. Ова значи дека за усвојување на еден акт треба да има согласност од 55 % од земјите-членки, кои пак треба да претставуваат 65% од населението на ЕУ. Најмалку 4 земји се потребни за блокирање на одлука, додека најмалку 15 земји мора да ја поддржат одлуката за таа да влезе во сила. Вклучувањето на факторот население им оди во прилог на поголемите земји, додека елементот "една земја - еден глас" на помалите земји. Овој систем го олеснува донесувањето на одлуките. Потребни се 72 % од земјите-членки и 65 % од населението во случаите кога за предлогот не е потребна иницијатива на Комисијата.

Линкови

Погледнете го терминот Гласање во Советот.