Добредојдовте во EUABC.com - Речник на ЕУ за корисниците на Интернет

EUABC е Интернет речник во кој можете да најдете концизни објаснувања на термини кои се користат во дебатата за ЕУ, како и многу корисни линкови! Неговата цел е да ги информира луѓето за дебатата за иднината на Европа, како и за Европската интеграција воопшто.

Речникот вклучува многу термини кои се предмет на политички тензии, контраверзи и дебати. Федералистите можат да пронајдат аргументи и објаснувања во полза, но и против понатамошната Европска интеграција, на ист начин како што и Евро-скептиците и Евро-реалистите можат да ги пронајдат сопствените аргументи и контра-аргументите на федералистите за нивните позиции.

Содржините на овие страници постојано се обновуваат. Така, сега може да пронајдете нови термини кои се однесуваат на Уставот на ЕУ, кој беше усвоен од страна на шефовите на држави на 18 јуни 2004. Исто така, ви го препорачуваме скратеното издание на Уставот на ЕУ, како и PowerPoint презентацијата на истата тема - двете можете да ги пронајдете на Менито под "EU Constitution".

Доколку пронајдете некоја грешка или пропуст, или пак имате некоја сугестија, ве молиме да му испратите порака на уредникот editor@euabc.com


Срдечни поздрави,
Jens-Peter Bonde, јуни 2004

© 2004 - All rights reserved