Заеднички придобивки (Acquis)

(Photo: European Commission)
Под овој поим се подразбира целокупната легислатива на ЕУ. (заб.на уредникот: честопати, на македонски јазик се преведува како заеднички придобивки). Вкупниот обем е 100,000 страници во Службениот весник.

Целиот acquis (се чита аки, заб.на уредникот) е тежок за дефинирање. Околу 17,000 различни правни акти можат да се пронајдат во базата Celex. Ги вклучува сите договори, сета легислатива во примена денес, сите пресуди на Судот на ЕУ, сите типови на одлуки од вториот (Надворешна и Безбедосна политика) и третиот столб (Правда и Внатрешни работи), како и soft law.

Концептот на acquis communautaire вклучува првенство на правото на ЕУ и на другите принципи развиени од Судот, делумно низ правниот активизам. Земјите-членки се должни да ги прифатат идните мнозински одлуки и пресуди од Судот на ЕУ.

Аcquis-то е значаен во контекст на проширувањето; земјите кои пристапуваат мора да го прифатат целокупниот acquis. Овој принцип е вграден и во Уставот на ЕУ.

Концептот е клучен за разбирање на ЕУ, на проширувањето и на уставните процеси.

Белешки

Линкови

http://www.europarl.eu.int/factsheets/1_2_1_en.htm