Пристапување

The flags of the 25 Member States of the European Union after the enlargement of May 1st, 2004. (Photo: imemc.org)
За да и се придружи на ЕУ, идната земја-членка потпишува договор за пристапување со постојните земји-членки. Десет земји го сторија тоа на 16-ти април 2003 година во Атина и станаа членки од 1 мај 2004 година. Според договорите за пристапување новите земји-членки ги имаат истите права и обврски како и постојните земји-членки. Некои обврски, дефинирани во посебни протоколи, ќе стапат во сила по пристапувањето. Договорите за пристапување и актите за пристапување мора да бидат усвоени едногласно од постојните земји-членки и од страна на секоја нова земја-членка.

Секоја од новите десет земји-членки одржа референдум, освен Кипар, заради национална ратификација на договорот за пристапување.

Доколку некоја од земјите не го ратификува договорот, бројот на гласовите, местата, бројките за квалификувано мнозинско гласање, итн. ќе бидат изменети пропорционално или технички без нови преговори меѓу сите земји-членки. Во секој од актите за пристапување постои правна основа за ваква измена.

Белешки

По усвојувањето на договорот за пристапување и неговата ратификација, тој се испраќа кај депозитарот, Република Италија, која ги собира и чува сите инструменти за ратификација.

Линкови

http://europa.eu.int/comm/enla......rgement/negotiations/index.htm http://www.cyprus-eu.org.cy/eng/home.htm http://europa.eu.int/comm/enlargement/index_en.html http://europa.eu.int/scadplus/leg/en/cig/g4000a.htm#a10