Заедничка надворешна и безбедносна политика

Европската унија отпочна како заеднички пазар обликуван да овозможи слободно движење на луѓе и производи меѓу Европските земји. Оттогаш, земјите-членки постигнаа согласност  за заеднички политики и на други полиња.

Заедничка надворешна и безбедносна политика се разви преку тнр. "столб II" на договорите за ЕУ. Принципите за ова се дефинирани во Поглавјето V на Договорот за ЕУ.

Во рамките на ЗНБП најважните одлуки се донесуваат по пат на гласање со едногласност. Гласање со квалификувано мнозинство е неопходно за имплементација на одлуките.

Белешки

Иднината

Уставот на ЕУ ги зголемува одлуките со квалификувано мнозинство во областа на ЗНБП кога  Европскиот совет ги донел стратешките насоки. На пример, на барање на Европскиот совет (кој решава со едногласност) одреден предлог се дава од некој министер за надворешни работи; кога се имплементира одредена одлука или кога се именува специјален претставник.

Во моментов, ЕУ во надворешните односи е претставувана од Претседателството со Советот и од Високиот претставник.
Уставот на ЕУ предвидува воспоставување на функција Министер за надворешни работи на ЕУ, именуван од страна на Европскиот совет, прифатен од страна на Претседателот на Комисијата и одобрен, заедно со целата Комисија, од страна на Европскиот парламент како потпретседател на Комисијата за надворешни односи. Ова беше предложено од Франција и Германија.

Делегациите на Европската комисија низ светот, вкупно 126, ќе станат амбасади на ЕУ кога Уставот ќе биде потпишан. Подетално за правилата за заедничката надворешна политика погледнете ги чл. I-39 и III-195-209 на Уставот.

Линкови

http://www.europa.eu.int/pol/cfsp/index_en.htm