Зајакната соработка

The European Council must unanimously approve any "enhanced co-operation" (Photo: European Commission)

Договорот од Амстердам овозможи поединечни земји-членки  да воспостават поблиска меѓусебна соработка користејќи ги заедничките институции на ЕУ, се додека овие спогодби не влијаат врз заедничките придобивки - "aquis communautaire" - или пак врз Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП). Било каква зајакната соработка мораше да биде одобрена со едногласна одлука на Европскиот совет. Ова практично овозможуваше употреба на вето од страна на било која земја-членка. Од таа причина, оваа можност никогаш не беше искористена.

 

Од 1 февруари 2003 година, Договорот од Ница овозможи зајакната соработка меѓу најмалку осум земји, вклучително и на полето на ЗНБП, доколку тоа биде одобрено со квалификувано мнозинство . Меѓутоа, постојат неколку исклучоци: областите кои се под исклучива надлежност на ЕУ, како и одбраната и воените прашања.

 

Белешки

 

Некои Евро-критичари ја гледаат зајакнатата соработка на под-групи на земји-членки на ЕУ како правна основа за дво-класна ЕУ. Ако една група на земји-членки, доволно големи да имаат мнозинство во ЕУ, решат меѓусебе да донесуваат одлуки, би биле во можност да управуваат со ЕУ без да се консултираат со останатите земји-членки. Други пак, ја гледаат зајакнатата соработка како инструмент за флексибилност.

 

Иднината

 

Уставот на ЕУ дозволува зајакната соработка меѓу 1/3 од земјите-членки за што е неопходно квалификувано мнозинство, а во надворешната и безбедносната политика едногласно. Повеќе за ова погледнете во Уставот на ЕУ чл. I-40 и III-325. За одбраната погледнете го чл. I-40 и III-213 за "структуирана соработка" на ограничен број земји.

 

Линкови

 

Погледнете ги исто така термините Варијабилна геометрија и Hard-core.